По големиот грабеж, во план нови мерки за обезбедување на транспорт на пари
Централна банка на Албанија и Министерството за внатрешни работи се договорија да подготват „детален“ план на мерки со цел спречување грабежи на возила кои транспортираат пари, јави дописникот на МИА од Тирана.
Договорот е постигнат попладнево на средба на гувернерот Гент Сејко и албанскиот прв полицаец Саимир Тахири, ден по големиот грабеж во близина на тиранскот аеродром, во кој беа украдени најмалку милион евра.
- Подготвуваме детален план мерки за засилување на безбедносните елементи, со цел во иднина да не се случуваат вакви настани. Директорите на банките се подготвени да преземат мерки и во следните денови ние ќе го финализираме овој план ,во чиј фокус ќе биде транспортот на пари, изјави гувенерот Сајко.
Тој посочи дека грабежот не е закана за финансиската состојба на банките. На истата линија е и министерот Тахири, според кого новиот план мерки ќе претставува гаранција за бизнисот и посебно за банките.
- Државната полиција почна сеопфатна истрага во сите приватни агенции за обезбедување и ќе имплементираме и во овој сектор план мерки во врска со човечките ресурси и возилата кои тие ги користат, рече Тахири.
На средбата присуствувал и претседателот на парламентарната комисија Ерион Браче, кој изјави дека донесени се многу добри заклучоци, кои набрзо ќе бидат доставени до сите институции со цел „да се стави крај на овој активен криминал“.
За нешто повеќе од една годин,а само во грабежите во близина на аеродромот украдени се околу 5,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината