По големиот пораз на парламентарните избори Ципрас размислувал за оставка
Она што го помислив беше оставка, тоа беше првото чувство и не беше минливо, тоа беше нешто што ме мачеше со часови и денови, но кога го надминав шокот, сфатив дека единственото нешто што немам право да го правам е да дезертирам, откри лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас говорејќи за изборниот резултат пред десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.
На изборите на 21 мај СИРИЗА загуби од Нова демократија со над 20 отсто разлика, односно доби двојно помалку гласови од првата партија, а во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, прво по изборите, Ципрас истакна дека резултатот за нив бил „болен и голем шок“.
-За нас тоа беше шок, шок кој ни создаде големи чувства на тага и разочарување. Не го очекувавме. Затоа, во овој момент она што ни е важно е да го надминеме овој шок, да се прегрупираме и да ги исправиме грешките, посочи Ципрас.
Објасни дека не ги бараат виновниците и причините за поразот кај граѓаните или кај противниците, туку во самата политика на партијата „во начинот на кој ја раширивме нашата порака, начинот на кој ја соопштувавме нашата порака“.
Ципрас откри дека по изборниот резултат помислил на оставка, но подоцна сфатил дека нема право да го стори тоа пред историјата и пред 1.200.000 граѓани кои гласаа за нив, дека нема право да дезертира и да ги остави сами неговите сопартијци „во тежок момент“.
Истакна дека не ги чека реванш, бидејќи резултатот од претходното гласање нема да се најде на следните избори на 25 јуни.
Ново на Сител
-
Јавниот обвинител дава отчет пред пратениците за работата во 2023
-
Енергетиката и инфраструктурата во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје
-
Мицкоски ќе испрати писмо со институциите на ЕУ, Филипче бара затворена собраниска седница
-
Блерим Беџет: Коалицијата на ДУИ е стабилна - Арбен Таравари: ДУИ треба да се адаптира и реформира
-
Истражување на ЕПИ: Надворешната политика е важна за граѓаните, но тие не се доволно информирани
-
ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14 – месечното дете на Детската клиника
-
Државната статистика пресмета 2,6% инфлација во септември – најголемо е поскапувањето на зеленчукот
-
Mицкоски: Ваучер од 250 евра за комјутер или телефон за сите студенти