По најавата на Заев за српски културен центар, Захариева бара и бугарски
Бугарија сака да има бугарски културен центар во Македонија. Ова го изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, откако македонскиот премиеро Зоран Заев најави српски културен центар.
Според неа, бугарската влада официјално не реагирала на изучувањето на српскиот јазик во Македонија, бидејќи тоа е внатрешно прашање.
„Не можеме да се мешаме во воведувањето на српскиот јазик и нивниот културен центар, но исто така сакаме да имаме бугарски културен центар“, рече Захариева.
Таа оцени дека нема нормален пат или нормална пруга помеѓу Бугарија и Македонија и дека бугарските компании во Скопје се соочуваат со административни бариери.
Таа исто така рече дека единствената фашистичка нација во македонските учебници е бугарска и дека верува дека Бугарите не се фашисти.
„Во тој случај и Италијанците и Албанците треба да бидат наведени како фашисти бидејќи тие беа сојузници на Германија во тој историски период“, рече таа.
Таа им се заблагодари на македонските власти што ги затворија профилите на Фејсбук на кои беше објавен говор на омраза против Бугарија и посочи дека најважно е да се смират емоциите, бидејќи, како што додаде, доколку не се решат проблемите на двете земји, тие ќе бидат во загуба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат