-->
-->
По невремето во Тузла - прогласена состојба на природна непогода
-->
Градскиот кризен штаб за Цивилната заштита на Тузла синоќа прогласи состојба на природна непогода на вонредна седница, по невообичаено невреме што го зафати овој град во Босна и Херцеговина..
Првите информации покажуваат дека штетата во овој град е исклучително голема, а сите расположиви екипи се на терен.
Во Тузла синоќа паднаа 70 литри дожд на метар квадратен за 40 минути, што доведе до големи поплави и предизвика значителна материјална штета во целиот град.
Екипи од противпожарната служба испумпуваат вода надвор од зградите во градот, а одводите се чистат.
Синоќа, после еден час на подрачјето на Тузла, се случи целосен колапс, поради силниот дожд проследен со засилен ветер и грмежи. За неколку минути беа поплавени градските улици, автомобилите тешко се движеа, а ветрот кршеше дрвја.
Исто така, поплавени се десетици станбени и деловни згради, а некои населени места се без струја и вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик