По одобрената екстрадиција, Грујевски и Бошковски ќе се жалат

Советот на судии во Солун денеска одлучи Никола Бошковски и Горан Грујески да бидат екстрадирани во Македонија.
Според солунскиот портал Вориа, јавува дописникот на МИА од Атина, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети, поднеле жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.
И соопштувањето на одлуката, исто како и сослушувањето, беше зад затворени врати.
Одлуката е соопштена по четири рочишта од кои две беа одложени. Последното рочиште се одржа на 22 декември и беше закажано за да се соопшти одлуката на Советот на судии, но поради неможнопст да се обезбеди преведувач на македонски јазик беше одложено за денеска.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, процес кој може дополнително да ја забави евентуалната позитивна одлука за екстрадиција во Македонија.
Грујевски и Бошковски, кои се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, за кој денеска беше одложено рочиштето во Кривичниот суд во Скопје, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври лани, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
