-->
-->
По пет месеци родителите на Александар и Калина го посетиле Кајмакчалан
-->
„Поминаа пет месеци од несреќата и се уште не можам да си објаснам како се случи тоа. Сите сме потресени бидејќи вашите деца се првите две жртви планинари за коишто јас знам дека настрадале на Кајмакчалан. Имало повредени скијачи, ловџии, планинари, но ова е прв пат некој да го загуби животот во планинарска тура“. Со овие зборови, изразувајќи сочувство, непосредниот сведок на настанот, инаку вработен во скијачкиот центар Ворас, ги пречека родителите на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, кои зимава настрадаа при искачувањето на Кајмакчалан. После пет месеци од трагедијата, родителите го посетија местото на несреќата, во обид да добијат дел од одговорите на прашањата кои ги мачат изминатиов период, а кои за жал, остануваат заплеткани во инертната процедура на надлежните институции, објавува „Нова Македонија“.Средбата со домаќинот на родителите се одржала во селота Панагица, сместено на падините на Кајмакчалан од грчка страна.
-Оваа слика што ја видовте сега горе е сосема поинаква од она што се случуваше на 10 февруари. Тој ден беше најлош во последниве 25 години, такво невреме не се памети во нашиов крај. На групата и беше укажано од самиот почеток кога дојдоа во Скијачкиот центар дека не треба да се качуваат нагоре бидејќи временските услови се исклучително лоши, но таквите апели беа игнорирани – објаснуваше нашиот соговорник, додавајќи дека групата имала некаква импровизирана радио врска која воопшто не била прикладна за местото и условите. Ако се има во предвид дека и мрежната покриеност на мобилните трелефони е слаба околу врвот на планината, тогаш станува појасно зошто комуникацијата на настраданите со спасителите не била на нивото кое го бара една таква ситуација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
