По поканата од Судот во Хаг, поддршка за Весели од Тачи, Рама и други државници и политичари

Пораки со поддршка добил лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и претседател на последниот состав на Собранието на Косово, Кадри Весели, откако вчера објави дека, како поранешен водач на Ослободителната војска на Косово (ОВК), добил покана да се јави во Хаг на распит пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово.
Меѓу оние кои му пратиле пораки се и косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама. Тачи преку објава на Фејсбук порача дека „нема суд, ниту тенденција, ниту измислица која може да стави дамка врз Весели и неговата борба за слобода“.
Поддршка на Весели му изразија и неговите соборци од војната во 1998-99 година, браќата Рамуш и Даут Харадинај, како и Фатмир Лимај и други поранешни припадници на ОВК.
Поддршка на Весели за неговото соочување со Специјалниот суд му изразија и државници и политички лидери од Албанија.
Премиерот Еди Рама ја оцени како неправедна поканата од Хаг за борците на ОВК, но нагласи дека тоа е најдобриот начин да се докаже исправноста на нивната борба.
Весели вчера, објавувајќи ја поканата од Специјалниот суд, рече дека на 4 декември ќе се појави пред истражителите во Хаг.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
