По половина век, денеска полета првиот патнички авион од САД до Куба
Првиот комерцијален лет меѓу САД и Куба, по повеќе од половина век, денеска полета од „Форт Лудердал“ на Флорода до „Санта Клара“ на Куба, со што повторно е воспоставен редовниот авионски сообраќај кој беше прекинат за време на Студената војна.
Со летот кој трае околу 75 минути, ќе биде почната новата ера на САД-Куба патувањата, со повеќе од 400 летови неделно, и ќе биде укинато ембаргото меѓу овие две земји, како и забраната за туристички патувања на Американците на Куба.
Се очекува во текот на оваа година Американците на Куба да остварат повеќе од 300.000 посети, а Куба од тоа очекува голема заработка.
Повторното започнување на комерцијални патувања меѓу овие две земји е едно од најголемите достигнувања на американскиот претседател Барак Обама за време на неговиот мандат.
Ново на Сител
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери