По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps
Телекомуникацискиот оператор, Неотел, ја претстави својата нова понуда на Office Fiber интернет пакети за деловни корисници, кои сега се со нови, поатрактивни цени и значителни подобрувања во поглед на брзините. Една од најважните новини е воведувањето на нов пакет со симетрична брзина до 500 Mbps, кој е наменет за компании со потреба за побрза и стабилна интернет конекција.
Пакетите се внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на малите и средни претпријатија, кои бараат сигурна интернет конекција со голема брзина и стабилност. Со новите месечни претплати и подобрените перформанси, Office Fiber пакетите претставуваат одлична можност за компаниите кои сакаат да ја забрзаат својата дигитална трансформација.
Овие нови пакети се воведени по повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Неотел, што ја прави оваа понуда уште посимболична. Неотел ја истакнува својата посветеност кон континуирано подобрување и проширување на услугите, како што тоа го правеше и во изминатите две децении.
Покрај редовните Office Fiber пакети, Неотел за деловните корисници нуди и висококвалитетни изнајмени линии/податочни поврзувања со големи капацитети, загарантиран симетричен интернет пристап, фиксна телефонија, телевизија, хостинг и други услуги кои се особено корисни за компаниите со поголеми и поспецифични потреби. Услугите обезбедуваат квалитетна и стабилна конекција која е од суштинско значење за секојдневното деловно работење на големите компании.
Неотел располага со квалитетна оптичка мрежа низ државата и одлична поврзаност со соседните земји што е особено значајно за продажба на интернет како на домашни така и на странски оператори. Дополнително, има свои точки на присуство со големи капацитети во најпопуларните европски дата центри, што го позиционира како оператор со исклучително стабилна и доверлива инфраструктура.
Со повеќе од 20 години искуство во испорака на телекомуникациски услуги за деловни корисници, Неотел продолжува да биде сигурен партнер за компаниите кои бараат највисоки стандарди во телекомуникациите.
За повеќе детали во врска со понудата на Неотел може да се информирате на следниот линк.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
