По пожарот огромни последици по растителниот и животински свет во неколку села во Делчевско
Последиците од пожарот кој го зафати делчевскиот регион оставија големи траги по животот на жителите, како и врз растителниот и животински свет во повеќе села во Делчевско. Во моментов во Курачко маало во селото Нов Истевник, жители јавуваат дека неколку дена нема струја и вода за пиење, додека штетата е огромна и кај локалитетот Истевнички Кукуље.
-Локалитетот беше зафатен од пожарот, изгореа и две куќи, а од огнот настрадаа и две вили, истакна Димитар Димитровски.
Тони Симоновски, иселеник по потекло од село Истевник додаде дека се работи за штета со катастрофални размери во Малешевскиот и Пијанечкиот крај предизвикани од најголемиот пожар што се има случено во овој регион.
-Едното белодробно крило на Делчево е уништено. Од планината Средна дишевме од таму идеше свежиот ветер и воздух навечер и во лето можеше да се спие. Штета е направена на многу мештани и села и населби околу планината Средна. Животинскиот свет дивеч и природни ресурси на планината се 100 процентно уништени, рече Симоновски.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски додаде дека наесен обнова на шумскиот фонд ќе биде неминовна за задржување на биодиверзитетот во Пијанец.
-Она што треба да го направиме е да се организира голема акција за пошумување наесен со цел да влијаеме на обнова на белите дробови на нашиот крај, додаде Трајковски.
Во пожарот во Делчевско настрада и црквата „Св.Атанасиј” во селото Нов Истевник.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
