Џет-Сет
2. February 2016 - 14:02

По само шест месеци врска: Хаузер ја запроси Јелена!

Виолончелистот Стјепан Хаузер ја запроси пејачката Јелена Розга по половина година врска, пишува списанието „Story“. Јелена неодамна откри дека паднала во љубов на прв поглед.
 
Верувам во љубов на прв поглед, бидејќи ми се случи, изјави неодамна Јелена Розга (38) која во почетокот на јануари со познатиот виолончелист Стјепан Хаузер (29) прославија седум месеци љубов.
 
Парот сака што поскоро да застане пред олтарот, дознава списанието, кое пишува дека Јелена почнала да носи дијамантски прстен.
Хаусер неодамна се огласи поради гласините кои ги има уште на почетокот од нивната врска дека тој и Јелана нема да издржат уште долго.
 
Се зборува дека јас сум геј, а таа лезбејка, луѓето се убедени во таа приказна, - изјавил Стјепан.