-->
-->
По завршувањето на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ се искараа мајките на натпреварувачите
-->

По завршувањето на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, на кое победи малиот Марко Бошњак, на социјалните мрежи започна војна меѓу мајките на учесниците во ова шоу. Лавина коментари покрена Марија Перковиќ, поранешна девојка на Матеја Кежман, која на профилот на малата Дарија Врачевиќ напиша дека таа и нејзината мајка Зорица ова натреварување многу погрешно го сфатиле.
-Ова би требало да биде невино, детско, не натреварување, туку конкурс во убаво пеење, имитирање, глума, перформанс, а не нешто каде што се омаловажува и се зборува лошо, и тоа за кого – за едно дете! Каков животен пример му давате на своето дете, да ги мрази другите и да огрдува некој за себе си да се издигне! Учете ја вие вашата Дарија да се гледа себеси, а не другите и ќе биде многу позадоволна од себе и од своите успеси. Вам, исто така, топло ви препорачувам да престанете во детето да го поттикнувате синдромот „газење преку мртвите“ и повеќе да ја полните со љубов, среќа, да ја научите во животот да дели и да ги прифаќа другите такви какви што се. Не сте вие таа која треба да суди, поготово не за такво мало, слатко, чисто, добродушно, преслатко суштество како што е Ника Пуриќ, напиша Перковиќ.
На ова одговори мајката на Дарија.
-Не ми е баш најјасно зошто вакви погрдни зборови. Всушност, кога подобро ќе размислам, јасно ми е… Голема е разликата меѓу мене и вас. Јас сум исполнета со љубов, која несебично ја ширам и ја пренесувам на сите добри луѓе околу мене, а првенствено на своите деца. По нив и се гледа тоа. Никогаш, ама никогаш не сум напишала ни еден грд збор за Ника и нејзиното семејство, а вие ме каменувавте со толку грди зборови. Мајката на Ника пишуваше лошо за моето дете на фановите, кои ми ги испратија пораките, а јас со неверување ги читав. Ете, во тоа е големата разлика меѓу мене и вас, огромна разлика, напиша Зорица Врачевиќ.
Мајката на Ника, Јована, рече дека не ја интересираат ваквите коментари.
-Јас сум мајка на три деца и имам своја работа. Кој нема, нека си се занимава со преписки, рекла таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
