ПОА објави дека целосно преминува во МПЦ-ОА

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) денеска објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.
- Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.
Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.
Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители.
За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.
Ново на Сител
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
