-->
-->
Победа на Рикардо на патеката Сепанг
-->

Диниел Рикардо од Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Малезија. Тој ја постигна својата четврта победа во кариерата, а прва сезонава. Рикардо беше најбрз на патеката Сепанг, а комплетниот триумф на Ред Бул го надополни Макс Верстапен кој го освои второто место. Лидерот во генералниот пласман Нико Розберг од Мерцедес го комплетираше победничкиот подиум и покрај тоа што имаше казна од 10 секунди.
Светскиот првак Луис Хамилтон, кој ја имаше пол позицијата остана без пласман откако во 41.круг мораше да се откаже по експлозијата на неговиот мотор. Во моментот на откажување водеше во трката и имаше предност од 20 секунди.
Четвртото место го освои Кими Раиконен од Ферари, а Валтери Ботас од Вилијамс беше петти. Серхио Перес од Форс Индија го освои шестото место.
Без пласман покрај Хамилтон останаа уште пет возачи меѓу нив и Себастијан Фетел од Ферари.
Во генералниот пласман Розберг води со 288 поени, а Хамилтон има 265. Денешниот победник Рикардо има 204, а зад него се Раиконен со 160 и Фетел со 153.
Кај конструкторите води Мерцедес со 538 поени, пред Ред Бул со 316 и Ферари 301.
Следната трка се вози наредниот викенд за Големата награда на Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
