-->
-->
Почина 51-годишниот скопјанец кој се бореше за живот на Ургентен, по случена сообраќајна несреќа
-->
Почина 51-годишен скопјанец кој се бореше за живот на Ургентниот центар откако претходно денеска учествувал во сообраќајна несреќа во Гази Баба. Од Ургентен за Сител велат дека повредениот имал тешки телесни повреди и дека со часови го реанимирале.
Претходно од МВР информираа дека во СВР Скопје било пријавено дека во 13.45 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило "киа" со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(44) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(51) од Скопје
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени