-->
-->
Почина археологот Ѓорѓи Петачки
-->
На 75 години почина Ѓорѓи Петачки еден од првите археолози од Народниот музеј во Велес и долгогодишне истражувач на археолошкиот локалитет Стоби.
Петачки работел на југословенско американските истражувања во Стоби од 1973 до 1981 година. До 1993 година вршел заштитно археолошки истражувања на повеќе познати објекти како Епископската базилика и други во Стоби заедно со проф др Блага Алексова, на која и бил најдобар соработник.
Во Велес и велешко започнал со истражување на повеќе археолошки локалитети за кои само се знаело , а немало никакви археолошки истражувања.Тој својата работа ја насочил на повеќе значајни археолошки локалитети во општина Чашка, каде пронашол знаачни археолошки откритија, кои се наоѓаат во Народниот музеј на Велес и Националниот музеј во Скопје. Петачки е значаен и по тоа што е еден од првите археолози кој го истражувал локалитетот Кале Велес.
Ѓорѓи Петачки е роден во 1943 година во село Робово, Берово. Дипломирал во 1970 година на Филозофскиот факултет група археологија во Белград. Во Народниот музеј во Велес работи од 1973 година, а во 1995 се здобива со звање виш кустос. Се пензионира во 2007 година како виш кустос археолог во Народниот музеј во Велес, бил раководител на повеќе ископувања и член на екипа или раководител на сектор. Со истражувачка дејност се занимавал до 2009 година. Тој има публикувано повеќе научно истражувачки публикации од неговата работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа

