Почина братот на 26 годишниот кавадарчанец кој почина од КОВИД-19

Почина 21-годишен кавадарчанец, брат на момчето кое деновиве на Инфективната клиника ја загуби битката со Ковид-19. Градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил објави дека ова е тажен ден за Кавадарци.
– За жал, денеска изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме едното момче на 26-годишна возраст, денеска почина и неговиот брат на 21-годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството во овие моменти. Заедно со Советот на Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови., напиша Јанчев.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
