Почина четиримесечно бебе во Кочани
Почина четиримесечно бебе во Општата болница во Кочани. Во писменото соопштение од СВР-Штип се вели дека вчера во 15.55 часот во Полициската станица Кочани, од Јавната здравствена установа во Кочани било пријавено дека околу 15.10 часот за укажување на лекарска помош од страна на родителите било донесено дете на возраст од околу четири месеци.
Околу 16.00 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало. По наредба на ОЈО била извршена обдукција, а потоа телото било предадено на родителите.
Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека на подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на пет лица им се издадени решенија за изолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 60 контроли над лица во изолација и 81 над лица во самоизолација. Едно лице не го почитувало Решението за изолација.Забраната за движење не ја почитувале две лица, истите се приведени , земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се две известувања и 10 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 154 објекти.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина