Почина Чезаре Малдини

Поранешниот фудбалер и тренер на Милан и италијанската фудбалска репрезентација Чезаре Малдини почина во недела во 85 година од животот, од последиците на срцев удар, објавија италијанските медиуми.
Малдини е роден на 5 февруари 1932 година во Трст, каде што ја започна успешната фудбалска кариера играјќи за Триестина. Најголем дел од играчката кариера ја помина во Милан, за кој играше од 1954 до 1966 година и со црвено-црните освои четири титули првак на Италија, а во 1963 година и европскиот Куп на прваци, кога како капитен го предводеше Милан во победата над Бенфика од 2:1 во финалето што се одигра на Вембли.
Малдини во 1970 година започна успешна тренерска кариера како помошен тренер во Милан. Му беше помошник на Енцо Беарцот на клупата на италијанската репрезентација која во 1982 година ја освои титулата светски првак во Шпанија. Од 1986 до 1996 година ја предводеше италијанската репрезентација до 21 година, која трипати по ред од 1992 до 1996 година ја освојуваше титулата европски првак. Во победничкиот тим од 1996 година главни ѕвезди беа Џанлуиџи Буфон, Фабио Канаваро и Франческо Тоти, кој десет години подоцна во Германија ќе ја предводи Италија до титулата светски првак.
Чезаре Малдини на кормилото на А репрезентацијата на Италија помина две години и ги водеше „азурите“ на СП 1998 година во Франција, каде што капитенската трака му ја довери на својот син Паоло.
Покрај Италија, Малдини на СП во Јапонија и Јужна Кореја ја предводеше и селекцијата на Парагвај во 2002 година, каде што Парагвајците несреќно загубија од Германија во осминафиналето.
Беше тоа последен тренерски ангажман на Чезаре Малдини, кој потоа работеше како стручен коментатор за неколку телевизиски куќи.
Ново на Сител
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
