Почина генерал Мајкл Џексон, првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор

Поранешниот шеф на британската армија, генерал сер Мајкл Џексон, почина на 80-годишна возраст, потврди британската армија на мрежата Х.
Џексон беше првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор.
Во 1999 година, генералот Мајкл Џексон го потпиша Кумановскиот договор, со кој по 78 дена заврши бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ) и го означи почетокот на операцијата за формирање на мисијата КФОР во АП Косово и Метохија, која ја водеше како прв командант, јави Би-Би-Си.
Во 1999 година, генералот Џексон се судри со американскиот врховен командант на силите на НАТО во Европа, генералот Весли Кларк, кој му нареди да испрати сили до АП КиМ со цел да го спречи ненадејното напредување на руските сили упатени кон аеродромот во Приштина.
Џексон потоа му рекол на Кларк: „Нема да ја започнам Третата светска војна наместо вас“.
Џексон беше началник на Генералштабот на британската армија од 2003 до 2006 година, тој беше присутен во два значајни инцидента во Северна Ирска, а ја предводеше армијата и за време на војната во Ирак.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
