Почина глумецот Денис Вотерман
Британскиот глумец Денис Вотерман, познат по улогите во ТВ-сериите како „Мајндер“, „Свини“ и „Нови трикови“, почина вчера. Тој имаше 74 години.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Денис почина мирно во болница во Шпанија. Тој почина вчера попладне, а покрај него беше неговата сопруга Пем. Семејството љубезно бара да се почитува нашата приватност во ова многу тешко време за нас“, соопшти неговото семејство.
Роден е во Лондон и образованието го добил во Театарската школа „Краун“. Вотерман ја почна својата кариера како дете, па на 12-годишна возраст е поканет да ѝ се приклучи на Кралската трупа „Шекспир“ во Стратфорд. Во своите тинејџерски години, тој се прослави во остварувањето „Само Вилијам“ на Би-би-си.
Денис Вотерман својата слава ја стекна во 1970-тите кога го глумеше наредник Џорџ Картер во полициската драма „Свини“. Глумеше и во 90-на други филмски и ТВ-проекти.
Ново на Сител
-

Најбројна македонска репрезентација досега на Светското кикбокс првенство во Италија
-

Ѕвездата на Доли Партон на Патеката на славните оштетена неколку дена по нејзината смрт
-

Четири илјади метри рибарски мрежи и 117 килограми белвица пронајдени во Охридското Езеро
-

Осомничениот за убиството на Кирк тврди дека е невин – Му се заканува смртна казна
-

Колку Американците ги чини војната со Иран?
-

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
-

Рама евакуиран од кабинетот под силно обезбедување поради ескалација на протестот во Тирана
-

Зеленски: Руското небо „де факто ќе биде затворено“ поради украинските дронови
