Македонија
6. December 2018 - 22:51

Почина Јован Ристов, основачот на Управата за заштита на културното наследство

Денеска во Скопје ненадејно почина Јован Ристов, основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство.

Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.

Автор е на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.

Почина на 69 годишна возраст, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени утре (петок, 7 декември) од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта Бутел.