Почина ќерката на Елвис, Лиза Мери Присли
Пејачката и текстописец, Лиза Мери, ќерката на кралот на американската рок-музика, Елвис Присли, почина откако итно била пренесена в болница поради можен срцев удар. Веста ја потврди нејзината мајка Присила Присли.
– Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мери нè напушти. Таа беше најстрасната, најсилната, највљубената жена што некогаш ја познавав. Бараме приватност додека се обидуваме да справи со оваа длабока загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите. Нема да има дополнителни коментари во овој миг, изјави Присила.
Лиза Мери Присли почина на 54-годишна возраст од срцев удар во нејзиниот дом. Веста за нејзината смрт дојде неколку часа откако таа била згрижена во болница во Калабасас, Калифорнија.
Инаку, таа во вторникот присуствуваше на доделувањето на „Златните глобуси“. Со мајка ѝ беа присутни за да го поддржат Остин Батлер, кој освои награда за главна машка улога, за неговиот портрет на Елвис.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност