Почина Милан Панчевски

Во 84-та година од животот, вчера почина Милан Панчевски, долгогодишен општествено-политички работник во Социјалистичка Република Македонија и поранешната југословенска федерација.
Панчевски во својот работен век извршуваше повеќе одговорни високи државни функции на републичко и на тогашно сојузно ниво. Тој беше последниот претседател на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на СФР Југославија.
По осамостојувањето на Република Македонија, се пензионира и се повлече од активното занимавање со политика, а беше почесен претседател на политичката партија Сојузот на комунистите во самостојна Македонија.
Погребот на Панчевски ќе се одржи утре, на Градските гробишта во Бутел во Скопје. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Бутел, од 11.30 до 12.30 часот.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
