Почина млад хрватски рок музичар, изврши самоубиство
Дан Дивјак, клавијатуристот на ројк бендот Којоти почина на 28 години.
Според засега познатите информации, Дивјак извршил самоубиство. Поради проблемите со депресија во август бил на лекување. Тажната вест е објавена на страната на групата на Фејсбук, а од младиот музичар се прости и гитаристот на Којоти, Давор Видука.
"Немам сила ниту да изговорам колку сум зае*ан... Дан, толку те засакав ти убаво и талентирано детенце“, напиша Видука.
Неговата мајка Инес Делач на Фејсбукот на Којоти напиша:
„Драги наши, сите оние кои го сакавте нашиот Дан, вчера тој се обеси на својата тераса. На почетокот на август беше на лекување во Врапча. Ноќта и дел од денот помина со нас и се изгледаше ОК. Вчера требаше да го однесеме на контролен преглед во Врапча, и наместо тоа го најдов своето дете онака како што ниту еден родител не би требало“.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста