-->
-->
Почина најстариот човек во светот
-->
Сакари Момои, кој официјално беше најстариот човек на светот благодарение на здравата исхрана и сонот, почина на 112 години, пренесуваат јапонските медиуми.
Тој е роден во февруари 1903 година во подрачјето на Фукушима, кое е тешко погодено од земјотреси, цунами и нуклеарна катастрофа.
За најстар човек во светот е прогласен во август 2014 година. Момои некогаш бил наставник, а се занимвал со калиграфија и учествувал во реакреативни активности во болницата во која живеел.
Овој Јапонец на церемонијата приредена по повод неговото запишување во Гинисовта книга на рекорди, истакнал дека сака да живее уште две години.
По смртта на Момои, најстариот човек во светот е Јапонецот Јасутаро Коиде, роден во март 1903. Американската државјанка Сузана Мушат Џонс со 116 години е најстарата жива личност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани