Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров

Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ почина во Белорусија на 51-годишна возраст.
Кокшаров беше дел од Вардар во време на најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година.
За смртта на олимпискиот шампион во ракомет и тренер на Мешков Брест, објави белорускиот клуб.
– Мешков Брест изразува искрено сочувство до семејството и пријателите на Едуард Александрович. Ќе го паметиме како човек кој остави траен белег во нашиот тим и во срцата на сите што го познаваа. Ова е непоправлива загуба за целото ракометно семејство и голем шок за глобалната ракометна заедница, се вели во соопштението на клубот на социјалните мрежи.
Како член на руската репрезентација, Кокшаров ги освои Олимписките игри во 2000 година, бронзата на Игрите во 2004 година и Светското првенство во 1997 година.
Со Целје, Кокшаров ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2003/04, како и осум словенечки првенства и пет словенечки купови.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
