Почина поранешниот јавен обвинител Коста Петровски

По кратко боледување денеска на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител, кој својот работен век го посвети на Јавното Обвинителство во Република Македонија.
Петровски беше роден на 16 ноември 1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство Скопје, а од 1985 до 1989 година бил заменик во Окружно јавно обвинителство Скопје. Од 1989 година до 26.03.1997 година е основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Во годините што следуваа, како што посочуваат од Јавното обвинителство, Петровски беше избран најпрвин за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, а потоа и за обвинител во републичкото Јавно обвинителство.
Во 2008 година беше избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители, а по завршувањето на мандатот се враќа на позицијата во Јавното обвинителство, од каде заминува во пензија.
Коста Петровски е основач на Здружението на јавни обвинители, а во периодот од 2002 до април 2006 година тој е претседател на ова здружение.
Погребот ќе биде утре, а телото ќе биде изложено во Капела 1 на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
