Почина првиот лекар од КОВИД-19 во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук профил информира дека во ГОБ ,,8 Септември”, на 64-годишна возраст, починал д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Деари бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на КОВИД-19. По 15 дена болничко лекување, како што пишува Филипче, Деари ја загубил битката со болеста.
-Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани, пишува министерот Филипче на ФБ.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
