Почина Рејчел Нахмијас (108), најстарата битолска Еврејка која го преживеа Холокаустот
Во САД, на 108-годишна возраст, почина Рејчел Нахмијас, најстарата преживеана Еврејка од Битола од периодот пред Втората светска војна, родена во 1917 година, која важеше и за најстара битолчанка. Во 1943 година таа успеала да се спаси од нацистичките логори на смртта откако албанскиот конзул во Битола ја сокрил во багажникот од својот автомобил и ѝ помогнал да побегне во Албанија. Тогаш имала 26 години и таму го поминала воениот период, живеејќи со семејството на своите спасители сè до 1950 година. Потоа се преселила во Бостон, Соединетите Американски Држави.
Информацијата за нејзината смрт ја сподели нејзината внука, познатата пејачка Сара Ароесте, која со посветеност го негува споменот на своето семејство и на времето кога нејзините предци живееле на Широк сокак.
„Со голема тага споделувам дека овој викенд почина мојата херојска и драга братучетка Рејчел, на неверојатни 108 години. Родена во 1917 година во битолскиот крај, таа беше сведок на многу историски настани. Како единствена преживеана од своето семејство по Холокаустот, претставуваше инспирација за сите што ја познаваа. Фотографијата е направена пред само три месеци, кога сè уште беше активна и со мене споделуваше приказни и песни на ладино. Има уште многу што може да се раскаже за мојата Рејчел, која беше вистински благослов за светот“, напиша Ароесте на Фејсбук.

Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
