Почината 62-годишна жена, а тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Ресен-Битола
Вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ресен-Битола. Во незгодата починала 62-годишна жена а тројца се тешко повредени. Како што информираат од МВР:
„На 31.07.2020 во 18,00 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од с.Грначари,ресенско.
Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп, додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.“
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден