Почна бербата на трпезното грозје во Тиквешко

Почна бербата на трпезното грозје во Тиквешко, a цената за килограм „кардинал“ на градскиот пазар во Кавадарци е 50 до 60 денари.
- Лозарите се задоволни. Сепак, родот е намален како последица од априлското невреме што го зафати овој регион, изјави денеска Љупчо Аризанов од Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија".
Освен најзастапената сорта „кардинал", во Тиквешијата се произведува и десертно грозје од раните сорти „демиркаписка рана“, „белградска рана“, „јулски мускат“, „блек меџик“, „викторија“,...
Според Аризанов, родот на трпезно грозје е околу 20 милиони килограми. - Во моментов тиквешкото грозје се продава на домашните пазари, но со помасовниот откуп кој ќе следи во наредните денови, се очекува огромни количини да бидат извезени надвор од земјава, претежно во Србија, Украина, Русија и Романија, информира Аризанов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
