Почна Централниот совет на ДУИ
Започна одржувањето на состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово, на кој пристигнаа и претставници на таканаречената „Огнена група“. Состанокот го води претседателот на партијата, Али Ахмети.
Тој пред да започне средбата на кратко за медиумите истакна дека во ДУИ нема поголеми проблеми и ќе се продолжи со развој на партијата.

-Општ состанок на Советот, се избира претседателство, се избираат потпретседатели, генерален секретар, ќе се разговара за патот на развој на политиката, епилог е: ДУИ продолжува, нема незадоволство, има дијалог, менаџирање, дебатирање за процесот, нема огнена група, изјави Ахмети.
Овој состанок на членовите на Централниот совет на кој ќе се избираат нови партиски функционери, следува откако минатиот месец таканаречената „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени луѓе да понесат одговорност.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
