Почна да функционира модуларната болница во Струмица

Поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од болничко лекување и поради исполнетост на капацитетите во примарниот КОВИД-центар, отворена е и ставена е во функција модуларната КОВИД-болница во Струмица, објави директорката на ЈЗУ „Општа болница“, Катерина Кузмановска.
-Во модуларната болница се опфатени пациенти кои доаѓаат на дневно лекување, со полесна клиничка слика. Во неа има 37 болнички кревети. Тие можат да се стават во функција доколку има зголемување на бројот на лежечки пациенти. Истовремено се работи на реновирање на инфективно одделение, како и монтажа на централен довод на кислород што ќе овозможи уште 25 болнички легла со кислородна поддршка на инфективниот оддел, вели Кузмановска.
Додаде дека сите пациенти, на кои им е неопходно болничко лекување, се навремено хоспитализирани и соодветно третирани.
Кузмановска апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита, а се заблагодари на целиот медицински персонал кој вложува надчовечки напори за справување со КОВИД кризата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
