Почна дебатата за преговорите со Северна Македонија и Албанија во Советот
Министрите за надворешни работи на ЕУ кои заседаваат на Советот за општи работи на Унијата во секој момент треба да отворат дебатираат за проширувањето и за датумот за преговори со Северна Македонија и Албанија.
Последните нацрт-заклучоци усогласени синоќа на ниво на амбасадори на земјите членки на ЕУ се за нијанса понеповолни од претходните, со оглед на тоа дека Советот ветува дека ќе се наврати на прашањето во октомври годинава, додека претходната верзија гласеше септември.
-Потврдувајќи ги заклучоците од 26 јуни 2018, Советот ја зема предвид препораката на Европската комисија за отворање пристапни преговори со Северна Македонија врз основа на позитивната евалуација на направениот напредок и исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот.
-Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати на темата со цел да постигне суштинска одлука што е можно побргу и не подоцна од октомври 2019, стои во нацрт-заклучоците.
Одреден број земји членки сметаат дека заклучоците треба да содржат јасна референца кон Преспанскиот договор и посилен речник во поддршка на почетокот на преговори, по можност посилен од оној за Албанија. Додека пак друга група земји инсистира двете земји да одат во пакет.
Извори во Советот за МИА велат дека очекуваат дискусиите за проширувањето и за преговорите да траат „доста долго“ бидејќи земјите-членки поддржувачи на проширувањето сметаат дека е во прашање кредибилитетот и одговорноста на Европската Унија. На иста линија е и еврокомесарот Јоханес Хан, кој вчера специфично се осврна на случајот со Македонија и ги повика земјите членки да ги почнат преговорите со Скопје. Тој додаде и дека не е задоволен со нацрт-заклучоците кои беа на маса и дека преговорите треба да продолжат да се убедат земјите со најголем отпор кон проширувањето.

Ново на Сител
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори