Почна дистрибуцијата на 650 канти за отпад во Свети Николе

Во oпштина Свети Николе почна дистрибуцијата на 650 нови канти за отпад за домаќинствата со што ќе се менува начинот на собирање отпад во градот.
Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев изјави дека по завршување на проектот, големите контејнери кои стојат на улиците и создават лоша слика и непријатна миризба, ќе се отстранат и ќе станат минато.
- Планот на проектот е да се поделат канти за отпад на секое домаќинство. Кантите ќе бидат дадени на реверс, односно ќе бидат во сопственост на ЈКП „Комуналец“ а граѓаните треба да ги чуват, одржуваат и користат. Екипите од комуналното претпријатие ќе го собираат отпадот од дворовите на граѓаните, во одредени денови, рече Тасев.
Директорот на ЈКП „Комуналец“–Свети Николе, Александар Давчев истакна дека првично се набавени 650 канти за отпад, а понатаму ќе се набавуваат нови канти со цел сите домаќинства да добијат канта за смет.
- Овој начин на собирање на отпад претставува основа за понатамошна селекција на отпадот уште во домаќинствата, што е многу важно за почист град, посочи Давчев.
Проектот „Канта за секое домаќинство“ што се реализира од страна на Општината и на ЈКП „Комуналец“-Свети Николе почна со диструбиција на кантите за отпад на улицата „Кумановска“.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
