Почна гласањето во Охрид, Струга, Дебрца, изборниот процес се одвива непречено
Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено и гласањето на 10-тите парламентарни избори се одвива непречено. На предвремените избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид вклучувајќи ги и нашите иселеници, со тоа што тие ќе можат да гласаат само доколку лично се појават на гласачкото место каде се впишани.
Што се однесува на специфичните условите под кои се спроведуваат овие избори поради епидемијата на коронавирусот, заради поголема безбедност на гласачите 20 избирачки места се префрлени на други локации бидејќи претходните не ги исполнуваа предвидените услови. На старите места се поставени известувања за новите локации каде ќе можат гласачите да го дадат својот глас.
Изборниот процес почна да се реализира и на територијата на Општина Дебрца, каде се евидентирани 4.422 гласачи кои ќе гласаат на 28 избирачки места. Таму нема промени на локациите на гласачките места.
Гласачките места беа навреме отворени и на територијата на Општина Струга, каде на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас. Промени на локација во Струга има само на две избирачки места.
Инаку, поради новонастанатата ситуација со епидемијата на КОВИД-19, за прв пат гласачкиот процес наместо 12 ќе трае 14 часа, гласањето ќе се одвива од 7 часот наутро до 21 часот вечерва.
Ново на Сител
-
Имаме европски предлог со сите наши барања, од нас зависи каква одлука ќе донесеме за нашата иднина, порача Ковачевски
-
Левица: Го повикуваме народот да се приклучи на протестот против оваа анти-народна власт
-
Ограничени маржи на брашно, масло, шеќер, сол во Црна Гора
-
Маж ја натепал сопругата во двор од куќа во Ѓорче Петров
-
Пожар во приколка на товарно возило во движење
-
43 годишна тетовчанка тешко повредена, откако ја нападнал скопјанец со кого била во врска
-
СДСМ: Предлогот е јавно објавен, имаме чист македонски јазик во ЕУ, идентитетските прашања се заштитени
-
СПМ: Предлогот задира во идентитетот - Ковачевски ја манипулира јавноста - оставки веднаш и нови избори