Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА потврдија дека сите избирачки места се отворени.
Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.
Вчера, на ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.
ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезеноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот.
Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот.
На 19 октомври, на првиот круг локалните избори завршија и се избрани 44 градоначалници како и за советите на општините, освен во Шуто Оризари каде на три избирачки места денеска се прегласува.
Гласање нема во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа поради малата излезност на гласачите. Таму ќе се гласа во рок од 60 дена од завршувањето на локалните избори.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
