Почна изградбата на социјалните згради во Пробиштип
Почна изградбата на две станбени згради за лица со социјален ризик во Општина Пробиштип. Градежната механизација е веќе на терен и го расчистува просторот.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА информира дека проект што бил едно од клучните ветувања во неговата предизборна кампања, а со поддршка од Владата го изведува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Тој истакна дека во Пробиштип првпат се градат станбени згради за семејства и лица со социјален ризик.
–Со овој проект е предвидена изградба на две згради со вкупно 48 стана со квадрадура од 38 до 48 метри квадратни. Изградбата е предвидено да биде завршена во јули 2020 година, вели Анастасов.
Тој додава дека право на аплицирање за овие станови ќе имаат лица со социјален ризик, со што како што вели, општина Пробиштип ќе може да затвори еден горлив проблем со решавање на станбеното прашање на оваа група на граѓани.
Ново на Сител
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис