Почна изградбата на три мостови во општина Аеродром
Градоначалниците на Скопје и на општина Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска ја означија изградбата на три мостови на Усјанскиот канал во Горно Лисиче. Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.
Мостовите ќе се изградат во должина од по 10 метри, а широчина од 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.
- Со изградбата на овие три мостови се очекува да се подобрат условите за живот на граѓаните во овој дел на општината и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи тој изминативе 50 години се одвиваше врз импровизирани мостови, кои не само што не ги задоволуваа стандардите, туку претставуваа и потенцијална опасност, информира општина Аеродром.
Новите мостови се дел од активностите за подобрување на инфраструктурата во Горно Лисиче, покрај неодамнешната реконструкција на улиците „Тодор Чангов“, „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“.
Изградбата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеци, целосно ќе се покрие од буџетот на општина Аеродром, за што се обезбедени 8 милиони денари.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ