Почна „Каменичко културно лето 2018“

Со концерт на неколку познати македонски музички имиња во Македонска Каменица синоќа почна манифестацијата „Каменичко културно лето“.
Во рамки на првиот ден од програмата настапија ансамблот на народни игри и песни од Белица, Република Бугарија, a многубројните посетители на градскиот плоштад во Македонска Каменица, уживаа во музиката на Елена Велевска и Тамара Тодевска.
Како што информираше директорот на КИЦ „Романса“, Горан Огнановски во соработка со општината на годинешново „Каменичко културно лето 2018“ ќе настапат и повеќе локални музички групи и диџеи.
- Посетителите имаа можност да присуствуваат на убава музичка дружба со гостите од Белица, Бугарија и македонските музички звезди Тамара Тодевска и Елена Велевска. Програмата продолжува вечерва со концерт на Слаткаристика и музичката група С.А.Р.С, додека главното збиднување е утре кога концерт ќе одржат балканските звезди Ален Исламовиќ и Јелена Розга, рече Огнановски.
„Каменичко културно лето“ се одржува како дел од одбележувањето на празникот на градот.
- Ова е манифестација која секоја година се оддржува во периодот од 26 до 28 август и во себе ги сплотува трите значајни празници на нашиот град, 28-ми август, Ден на општина Македонска Каменица, Ден на рударите и големиот христијански празник и заштитник на рударите „Успение на Пресвета Богородица“, изјави Соња Стаменкова градоначалничка на Македонска Каменица.
Таа упати покана до сите љубители на добрата забава и целата македонска јавност да присуствуваат на концертите кои ќе следуваат во преостанатите два дена од „Каменичкото културно лето 2018“ со што заеднички ќе се придонесе за промоција на Македонска Каменица како добар домаќин и центар на културните збиднувања во регионот и пошироко.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
-

Детската песна за „Голема Албанија“ поттикна реакции – според АВМУ содржината шири омраза
