Почна поставувањето на лежечки полицајци во Штип
Во Штип од денеска почна поставувањето на лежечките полицајци пред училиштата. Борче Јовев од ЈП „Стипион“-Штип вели дека денеска се поставуваат три лежечки полицајци пред Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“, по што во текот на наредните денови ќе бидат поставени и пред останатите четири основни училишта и пред дневниот Центар за посебни потреби.
Поставувањето на лежечките полицајци е на барање на родителите, кои што организираа протести по прегазувањето на 15 годишниот средношколец на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“, по што упатија петицијата до општината да се постават лежечки полицајци за поголема безбедност на учениците пред училиштата.
-Лежечките полицајци се гумирани, со висина од пет сантиметри, пред нив ќе имаме поставено и соодветни сообраќајни знаци, со рефлектирачки материјал, за да децата бидат безбедни при преминувањето преку улицата и пред пешачките премини ќе се напише и школо, вели Јовев.
Екипите на ЈП „Стипион“ од денеска почнаа да ги поставуваат и вибрационите пешачки премини на булеварот „Гоце Делчев“, се работи на пешачкиот премин кај факултетите на Кампус 2, а по изградбата на кружниот тек кај средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ и на двата пешачки премини ќе бидат поставени вибрациони ленти, кои што треба да ги забават возилата, коишто се движат на булеварот.
Ново на Сител
-

Шефот на НАТО вели дека „има уште многу работа“ околу Гренланд
-

На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри
-

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд
-

Белгиската полиција утврди дека е пронајден скелет на македонски државјани исчезнат во Брисел пред 22 години
-

Американскиот претставник Виктоф се очекува во Москва за разговори за Украина
-

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега
-

Во Брисел нова рунда од разговорите меѓу Белград и Приштина

