Почна пријавувањето за трката во планиско трчање „Охрид Ултра-Треил®“
Сите заинтересирани за учество во трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил® можат да се пријават на www.ohridtrail.mк Трката се одржи од 18-20 септември 2020 година во Националниот Парк Галичица, Преспанско-Охридскиот регион. Пријавувањето трае до 7 септември.
– Ова е второ издание на Охрид Ултра-Треил® кое го сочинуваат три планински трки со различни должини од 18 км., 66 км., а новина е трката од 107 км. што ја сместува во „посебната“ група на спортски настани со ултра-дистанци привлекувајќи професионални планински тркачи од цела Европа воедно поттикнувајќи ги домашните натпреварувачи да постигнат значаен меѓународен успех, појаснува директорот на настанот Дејан Крле.
„Стотката“, како што планинските тркачи ја нарекуваат жаргонски, започнува од Кејот Македонија во центарот на Охрид, во 23 часот на 18 септември, петок. Натпреварувачите втрчуваат во оваа авантура најпрво низ стариот дел на градот – варошот, преку Самоиловата тврдина па покрај туристичкиот симбол на нашата земја – Канео. Потоа, во текот на ноќта минуваат по макадамски патишта во пониските делови на планината Галичица низ сите села и населби кон живописниот манастир Св.Наум на јужната страна на брегот од Охридското Езеро.
Таму, во рана зора, на 19 септември, на изворите на реката Црн Дрим, им се придружуваат учесниците кои стартуваат на втората трка „Галичица Ултра“ од 66 км. Заедничката маршрута го следи главното било во срцето на Националниот Парк Галичица, откривајќи чудесни пејсажи кон двете езера Преспанското и Охридското – истовремено.
Третата трка – „Летница Треил“ – стартува во 10 часот во сабота на 19 септември од селото Рамне и е со должина од 18 км. Маршрутите на сите трки се соединуваат над селото Велестово и сите планински тркачи пристигнуваат, еден по друг, во текот на целиот ден, на целта во Охрид на Кејот Македонија.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
