Почна првата седница на новото централно претседателство на ДУИ
Првата конститутивна седница на новоизбраното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) почна околу 15 часот откако ова партиско тело со 37 членови беше избрано на 15 октомври.
Како што најави партискиот портпарол Бујар Османи, на оваа средба ќе има активности за избор на други тела на партијата, но и ќе се оценува работата на партиските членови кои се функционери во извршната власт.
-Ова е првата конститутивна седница на централното претседателство. Ќе се бираат секретаријатите, советничкиот тим на Ахмети, а потоа ќе има евалуација на сите избрани функционери. Не очекувам да има некои значајни одлуки, изјави Османи пред почетокот на средбата.
Дел од партиските функционери, како и дел од т.н. Огнена група, пред почетокот на средбата дадоа кратки изјави за медиумите.
Изет Меџити, кој е дел од Огнената група, очекува вистинска дебата и најави дека ќе бараат смена на Артан Груби.
– Ќе згреши било кој што мисли дека ќе има само формална дебата. Мислам дека ова е Демократската унија за интеграција каде што секогаш има жестоки дебати во функција да се исправиме самите ние, пред да не поправи народот. Поради неефикасност, нереализирање на програмата, ќе бараме смена на господинот Груби, рече Меџити.
Муса Џафери, кој исто така е дел од оваа група, најави дебата. Според него, придвижување има само во надворешната политика на државата, додека во внатрешната политика и во економијата нема никакви резултати.
– За состојбата во државата нема напредок, само има напредок во надворешната политика, патеката кон ЕУ интеграциите и членка сме на НАТО, додека економијата е слаба и затоа ќе бараме придвижување на позициите, нека дојдат нови генерации што се поподговени, изјави Џафери.
Груби, пак, во кратката изјава за медиумите го прокоментира денешниот ден како прекрасен и за ДУИ и за сите граѓани.
–Сончев и убав прекрасен ден, прекрасен ден и за ДУИ и за сите граѓани. Колку што ќе трае, толку, рече Груби.
Реорганизацијата на партијата почна откако во септември т.н. Огнена група побара реформи во ДУИ. По неколку средби на претседателот Али Ахмети со ограноците се одржа Централен совет на кој се избра новото претседателство.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
