Почна санацијата на главната улица во штипската населба „Железничка“

Почна санацијата на главната улица во штипската населба „Железничка“, по која што се движат жителите, но и работници во фирмите, што се наоѓаат во овој дел на градот.
Улицата беше во многу лоша состојба, а околу 40 години не е реконструирана, забележа градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

– Денеска вршиме асфалтирање на 5.000 метри квадратни нов асфалтен слој на пристапната улица во долна Железничка, ова беше и барање на граѓаните од оваа населба, но и барање на компаниите. Инвестицијата на оваа улица е околу 2,1 милион денари, вели Бочварски.
Очекува компаниите во овој дел од градот да дадат свој придонес во овој проект и да влезат заедно партнерски со Општина Штип во негова реализација.
Во Штип исто така во тек е и садење на цвеќиња и садници на кружните текови, кои се наоѓаат на влезот на градот Штип.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
