Почна снимањето на краткиот игран филм „Чевли”

Продуцентската куќа „Круг филм“ почна со снимање на краткиот игран филм „Чевли“, во режија и по сценарио на Бранко Костески. Снимањето ќе трае до недела на повеќе локации во Скопје.
- Филмот е драма во која протагонистот Јован во младоста е сведок на напад од група тинејџери врз неговиот татко. Тој бега од тепачката немајќи храброст да се вмеша. Дејството на филмот се случува 25 години подоцна, кога таткото на Јован умира и му ги остава чевлите, највредното нешто што го поседува, и оттогаш неговиот живот се превртува наопаку, соопшти продукцијата за содржината на филмот.
Во актерската екипа се: Благој Веселинов, Диме Илиев, Роберт Ристов, Ана Костовска, Григор Јованосвки, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Стефан Петровски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, композитор Бојан Петков.
Копродуцент на филмот е Факултетот за драмски уметности од Скопје. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
