Почна учебната година во Струмица, градоначалникот Јаневски посака успех

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски заедно со членовите на Советот на оштината денеска присуствуваше на приредбата што традиционално се организира по повод првиот училишен ден пред Домот на АРМ во Струмица.
Честитајќи им го првиот училишен ден, градоначалникот Јаневски им посака многу успех во школувањето.
- Ве очекуваат уште многу први нешта, како што се првата научена буква, првиот број, првиот напишан збор, првата песничка, првата домашна задача и се така по ред. На тој начин, чекор по чекор, ќе навлегувате во тајните на македонскиот јазик, математиката, природните науки, општеството, како и во ликовното, музичкото и физичкото и здравствено образование. Од ден во ден ќе бидете се побогати со знаења, а тие знаења ќе ви отворат многу врати во вашиот понатамошен живот, им порача градоначалникот Јаневски на првоодделенците од Струмица.
Годинава бројот на првачињата е поголем во однос на лани. Лани биле запишани 499 ученици, а годинава се запишале вкупно 560 ученици. Од нив 461 ученици се запишале во матичните основни училишта, а останатите 99 запишани се во подрачните училишта.
Во новата учебна година првпат во средношколските клупи ќе седнат и 890 ученици запишани во прва година во трите средни општински училишта.
Ново на Сител
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
