Почна вакцинацијата на говедата против јазлеста кожа

Со 50.000 вакцини, донација од Европската унија, веќе пет дена се спроведува вакцинацијата кај говедата против јазлеста кожа.
Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветов, вакцинирањето почна од најзагрозените подрачја во источна Македонија. Во меѓувреме се очекуваат вакцините што ги набави Македонија за 700.000 евра од компанијата во Јужна Африка која засега се сметаше за единствен производител во светот. Вакцините треба да пристигнат оваа недела.
- Имаме информација дека покрај оваа компанија од Јужна Африка, и друга фирма ги произведува потребните вакцини. Побаравме понуда, но се уште не добивме. Во секој случај, потребните количини вакцини ќе стигнат и сите говеда ќе бидат вакцинирани. Се надеваме дека целиот процес ќе заврши во најскоро време, изјави Цветков по денешната манифестација „Ден на пченицата“.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
