Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки

Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии.
За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места се за вонредни студенти и студенти со кофинансирање.
Проректорот за настава на УГД, Сашо Коцевски, информира дека во изминатите денови до Универзитетот пристигнале околу 1.000 електронски пријави.
-Согласно конкурсот за академската 2026-2027 година, имаме вкупно 3.341 слободно место, од коишто 1.629 припаѓаат на квотата на редовни студенти, а останатите се резервирани за студентите коишто ќе студираат вонредно и за оние со кофинансирање. Она што би сакал да го порачам и да им го појаснам на нашите идни студенти, на кандидатите кои што аплицираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, е дека самиот процес на аплицирање се одвива во две фази. Имено, прво тие поднесуваат електронска апликација преку нашиот систем за електронски уписи, а потоа во вториот чекор ги носат своите документи во физичка форма и ги доставуваат на едно од уписните места на универзитетот коишто се лоцирани во Штип на Правниот факултет, имаме уписно место во Струмица, во Гевгелија, во Кавадарци и во Скопје-вели Коцевски.
Тој истакна дека стандардно, најмногу интерес има за запишување на Факултетот за медицински науки.
- Имаме голем интерес и за општествените науки, пред сè за Економскиот и за Правниот факултет, за Факултетот за туризам и бизнис логистика итн. Но интерес имаме и за техничките науки. Тука имаме најголем интерес за Факултетот за информатика, Факултетот за природни и технички науки, Земјоделскиот. Она што би сакал исто така да го напоменам е дека сите оние кандидати коишто нема да стигнат да аплицираат од било какви причини во првиот уписен рок, Универзитетот Гоце Делчев во Штип организира и втор и трет уписен рок. Вториот уписен рок ќе биде на 3 и 4 септември, а третиот уписен рок ќе се спроведе на 16 и 17 септември-изјави Коцевски.
За овој прв уписен рок, откако кандидатите ќе ги достават во физичка форма своите документи, а тоа треба да го направат до петок, 21 август, комисијата ќе направи нивна проверка и прегледување на нивните документи. На 26 август ќе се истакнат прелиминарните резултати.
-Оние кандидати кои што сметаат дека треба да поднесат приговори, тоа може да го направат на 27 август, а на 31 август Универзитетот ќе ги објави конечните ранг-листи и ќе ги направи решенијата за прием. Самиот упис на кандидатите ќе се врши од 1 до 3 септември оваа година-подвлече Коцевски.
Проректорот за настава на УГД-Штип, Коцевски на идните студенти им порача дека во Универзитетот „Гоце Делчев“ и наставниот кадар ќе најдат вистински партнери, кои што ќе им ги отворат лабораториите и ќе им овозможат да учествуваат во квалитетни истражувања, во меѓународни проекти, ќе им дадат врвна едукација и уште повеќе ќе имаат можност да остваруваат мобилности преку Еразмус+ програмата и да се вмрежуваат со студенти и професори од осум партнерски универзитети во рамките на Европската алијанса.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
