Почнува дебатата во британскиот Дом на лордовите за Брегзит

Членовите на Горниот дом (Домот на лордовите) на британскиот Парламент, ја почнаа денеска расправата за предлог-законот за почеток на преговорите со Брисел за повлекување на Велика Британија од ЕУ.
Пратениците во Долниот дом, претходно, го поддржаа предложениот закон, според кој премиерот Тереза Меј е овластена да побара од ЕУ, досегашната членка- Велика Британија- да се повлече од Унијата.
За разлика од Долниот дом, во Горниот дом, владата нема мнозинство. Иако има повеќе конзервативни лордови и дами (252), членовите на опозициските партии -лабуристите (202) и либералдемократите (102) - заедно имаат солидно мнозинство.
За дебатата во овој Дом, досега се пријавиле 190 членови, па се очекува расправата денеска да трае до полнок, а да продолжи и утре, за кога не се знае со сигурност дали ќе може и да се гласа за владиниот закон.
Опозициските, но и не мал број и ториевски лордови, бараат од владата гаранции за правата на државјаните од ЕУ кои веке живеат во Британија, како и за улогата на Парламентот во проверката и надгледувањето на целиот процес на Брегзит.
Премиерот Меј сака да го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба од 2009 година, до крајот на март.
Преговарачкиот процес, се верува, дека би траел две години, иако експерти и политичари во Лондон и во Брисел, предупредуваат дека работите може да се усложнат и да се оддолжат и повеќе од тој рок.
Лордовите нема да го блокираат Брегзит, а малку е веројатно дека ќе побараат од пратениците одново да распрааваат околу некои делови од предложениот законски текст, затоа што опозицијата не е единствена.
Лабуристите предводени од нивниот левичарски лидер Џереми Корбин, остануваат на ставот дека нема да и прават пречки на Тереза Меј да го почне процесот на преговарање со Брисел.
Голем број лордови и дами од оваа партија, сепак, не се согласуваат со ваквата позиција на нивната партија.
Лорд Манделсон, поранешен министер во владата на Тони Блер и едно време еврокомесар за трговија, смета дека станува збор за исклучително значаен политички момент за Британија, кој не може да и биде оставен на владата, во која доминираат оние кои агитираа за Брегзит.
Лорд Хеин, бивш министер во владите на Блер и на Гордон Браун, пак, изјави дека темелна расправа и добро преиспитување е неопхдно во оваа ситуација. Тој инсистира дека Парламентот не смее да заборави на оние 48 отсто од Британците, или над 16 милиони од гласачите, кои се определија за останување во ЕУ.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
